Аплауз за Заев и од Пентагон

874

Вашата земја, само што прослави годишнина од независноста, кога граѓаните во огромен број се изјаснија да живеат во слобода, како што вели и вашата химна. Сега треба да се искористи историската можност да се оди напред и да се гласа на референдумот. Ова е најважниот глас во историјата на вашата земја, порача Џејмс Матис, секретар за одбрана на САД Џејмс Матис на зедничката прес-конферењнција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Тој изрази поддршка за политиката што ја води македонската Влада, и додаде дека му аплаудира на Заев за Договорот со Грција. Матис ја нагласи соработката во одбраната преку учеството во меѓународните мировни мисии.

-САД го препознаваат вашето лидерство како важна сила на стабилност во регинот и пошироко, а вашата земја е придонесувач на мирот, преку учетсвото во мисиите во ООН, НАТО и ЕУ, насекаде во Европа и во светот. Ова ви донесе меѓународна поддршка и ви благодариме на соработката – рече Матис.

Тој  ја истакна и соработката во сајбер безбедноста, која како што рече е закана за двете демократии.

За Договорот со Грција, Матис истакна дека се работи за историски договор, постигнат со трпелива дипломатија и тешки компромиси, при што се заблагодари на Заев за личното водство во овој процес.

Тој ги цитираше изјавите на германската канцеларка Меркел и на генералниот секретар на НАТО Столтенберг за време на посетите во Скопје истакнувајќи дека ова е шанса Македонија да добие еднакво место во најуспешната воена алијанса во историјата „заедно со 29 земји кои се обрзуваат да ве штитат вас и вашата безбедност“, рече Матис.

-Ние сме подготвени да ви посакаме добредојде како 30 земја членка – рече Матис и најави дека ова ќе му го пренесе и на претседателот Иванов со кого ќе се сретне попладнево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...