Премиерите на Република Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, вечерва ја примија наградата на Минхенската конференција за безбедност за нивниот особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса.
Претходно, додека тие беа дел од панел-дискусијата „Разговор со добитниците на наградата „Евалд Фон Клајст“, Заев порача дека им ја посветуваат на младите генерации.
Во продолжение погледнете ги видеата од доделувањето на наградите и обраќањата на двајцата премиери.