Апелација ја укина пресудата, на Панчевски повторно ќе му се суди за мобинг

1135

Апелациониот суд ја укина пресудата за мобинг против поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски и го врати предметот на повторно одлучување во Основниот суд Скопје 2.

Второстепениот суд во одлуката во која ја прифаќа жалбата на Панчевски наведува дека пресудата е нејасна, неразбирлива и не содржи доволно образложени причини за решителни факти од кои се раководел првостепениот суд при одлучувањето.

Тужбата за мобинг против поранешниот претседател на Кривичен ја покрена врабоен службеник во судот, Горан Стаменковски, поради психичко малтретирање и деградирање од страна на Панчевски кое започнало откако Стаменковски бил фотографиран на протести на Шарената револуција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...