Апелација ја укинала пресудата од 9 години затвор за Ѓоко Поповски од МВР 

Предметот е вратен на повторно судење во Кривичниот суд, а на Поповски апелационите судии му одредиле мерка притвор за овој предмет.

664
Апелациониот суд во Скопје ја укинал пресудата од 9 години затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски кој беше осуден во предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинитество (СЈО) кој се однесува на набавката на 300 возила во министерството.

Предметот е вратен на повторно судење во Кривичниот суд, а на Поповски апелационите судии му одредиле мерка притвор за овој предмет.

Поранешниот помошник министер е осуден и во предметот „Тенк“ на СЈО на четири години и шест месеци. Тој првично за „мерцедесот“ беше осуден на шест години и шест месеци, а потоа Апелација му ја намали казната за две години. Во овој предмет осуден со правосилна пресуда на двегодишна затворска казна е и Никола Груевски. Шест години доби Гордана Јанкулоска, но нејзината пресуда не е правосилна бидејки се очекува второстепениот суд да се произнесе за жалбите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...