Апелација ја потврди пресудата за осудените во „Диво насеље“

574

Апеалциониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за осудените за учество во кумановските настани. Сите жалби на одбраната се одбиени.

На седум од членовите на вооружената група, која е осудена за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во кумановско „Диво насеље“, во кои беа убиени 8 припадници на полициските сили и 10 припадници на вооружената група, им е изречена казна доживотен затвор.

Апелација ја потврди пресудата на скопска единица од 2017 година со која исто така, тринаесет лица беа осудени на единствена затворска казна во траење од 40 години. Четири лица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. Повеќето од осудените лица се косовски државјани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...