Апелација ја потврди казната од две години на Груевски

После ова, Груевски треба да добие упатен акт од судија за извршување санкции за тоа кога да се јави во затвор на отслужување на казната.

1280
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Апелациониот суд Скопје ја потврди казната од две година за Никола Груевски, а за Ѓоко Поповски ја намали од од 6,5 на 4, 5 години. Апелацискиот суд во Скопје како неоснована ја одби жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за затворска казна од две години.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди“, соопшти Апелациониот суд во Скопје.

Жалбите на обвинетиот Никола Груевски од Скопје изјавени лично и преку неговите бранители Апелација ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост.

После ова, Груевски треба да добие упатен акт од судија за извршување санкции за тоа кога да се јави во затвор на отслужување на казната.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...