Апелација следната недела ќе расправа за затворот на Груевски за случајот „Тенк“

221

Апелацискиот суд, следната недела на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за предметот „Тенк” за набавката на екстралуксузниот „мерцедес”.

Судијката Добрила Кацарска ја напиша пресудата за Груевски и Ѓоко Поповски на над 200 страници.

Груевски беше осуден на казна од 2 години затвор за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување. За овој предмет за кое е осуден Груевски настапува апсолутна застареност на кривичното дело во октомври годинава, доколку нема правосилна пресуда. /Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...