Апеалциониот суд во Скопје ја потврди пресудата против дедото на малата Тамара од Велес, за кривичното дело „убиство“ поради настанот кога тој пукаше кон поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Со пресудата која второстепениот суд ја потврди, дедото на Тамара е осуден на седум години и шест месеци затвор.
Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.
За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година.