Апелацискиот суд Скопје сѐ уште нема донесено одлука по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, потврдија за МИА од Судот.
Од Апелација појаснуваат дека откако ќе биде донесена одлуката Судот во рок до 60 дена ќе треба да ја изготви.
На јавната седницата на Апелацискиот суд на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, претседателката на судечки совет Цветанка Периќ рече дека одлуката ќе биде објавена од Кривичен суд до каде ќе биде испратена.
По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски.
За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.