Апелацискиот суд одлучи да ги укине пресудите во „Титаник 2“ во кој обвинети се Сашо Мијалков, поранешнио шеф на УБК и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а предметот ќе се врати на повторно судење.
„По одржана јавна седница на ден 4.11.2019 година, Апелациониот суд Скопје, донесе одлука со која ги уважи жалбите на обвинетите, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“, информира судот.
Апелациониот суд Скопје, вели дека при разгледување на пресудата, констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои, како што вели, одлуката е во целост незаконска и неправилна.
„Во таа насока жалбениот совет констатираше дека утврдените факти што го чинат законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите во целост противречат на содржината на изведените докази, а воедно првостепениот суд неосновано се впуштил и утврдувал факти за постоење на кривична одговорност за лица кои немаат својство на обвинети во конкретната постапка. Исто така, определените мерки на претпазливот изречени према обвинетите, судот одлучи да останат во сила“, вели Апелацискиот суд.