Актерката Анџелина Џоли се согласи таа и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит, да го делат старателството над шесте деца.
– Бред и Анџелина се спогодија за сите услови во разводот. Сѐ ќе се финализира за неколку недели. Ова беше тешка правна битка – открива извор близок до парот за „Sun“.
Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс ќе можат често да го гледаат својот татко, а тој и Анџелина заедно ќе ги носат одлуките за нивното воспитување.