Анџелина Џоли на 44 години позира гола за насловна страница (ФОТО)
Актерката Анџелина Џоли го покажа совршеното тело на насковната страница на магазинот „Харперс базар“, каде откри и како живее по разводот од Бред Пит.
На фотографијата што ја сподели магазинот на Инстаграм, Анџелина позира целосно гола, покриена во проѕирен превез и тоа на неколку различни фотографии.
На една од фотографиите од глава до пети е покриена со проѕирна црна мрежа под која носи само градник и гаќички.
Во едно интервју, Анџелина се опиша себеси како дива во срцето и „немирна“ и откри дека сака да се пресели во странство, но Бред се спротивставува на тоа.
„Би сакала да живеам надвор, што е она што ќе го сторам веднаш кога моите деца ќе наполнат 18 години. Во моментов, ние мора да бидеме блиску до нивниот татко“, изјави актерката.
Таа раскажа дека „поминала многу“ во изминатите неколку години и дека носи „видливи и невидливи лузни“.
– За мене е потешко да се справам со невидливото. Животот многу се измени. Понекогаш боли и гледате дека ги повредува оние што ги сакате и не можете да бидете слободни како што бара вашиот дух. Сега чувствувам дека крвта ми се враќа во моето тело – изјавила холивудската ѕвезда.
FOTO: Instagram/Printskrin