Актерката Анџелина Џоли по подолга медиумска пауза дала интервју за магазинот „Ел“ и изнела интересни ставови кои ги има кога станува збор за воспитувањето на децата и положбата на жените во светот.
„Често им велам на моите ќерки да го развиваат својот ум и дека тоа е најважното нешто што можат да го направат за себе. Нема ништо попривлечно од независна жена која има свој став“, рекла актерката која е горда на своите синови, бидејќи ги почитуваат своите сестри.
„Злобните жени се оние што се уморни од неправдите. Тоа се жените што одбиваат да ги следат правилата во кои не веруваат и како такви тие се најдобри за себе и за своите семејства. Жените кои не се откажуваат од својот глас и права, дури и кога го ризикуваат животот или да бидат затворени, или отфрлени од страна на нивните семејства и општеството. Ако сето тоа значи да се биде злобен, тогаш на светот му требаат повеќе такви жени“, смета Анџелина.
„Не се будат жените секое утро жени со желба за борба. Сакаме да бидеме во состојба да сме благи и негувани, грациозни и сакани. Не се сите родени да се борат. И немаме магична моќ. Она што го имаме е можноста да се поддржуваме едни со други и да работиме со многуте прекрасни мажи кои ги вреднуваат и почитуваат жените како оние кои им се еднакви“, нагласила холивудската ѕвезда.