Анџелина Џоли последниве години е главна тема во медиумите, меѓу другото и поради нејзините килограми. Многумина сметаат дека со губењето на килограмите значително изгубила на женственоста, а изгледа дека тие критики ни најмалку не ѝ годат, бидејќи облеката што ја избира главно ја камуфлира нејзината вистинска фигура.
Анџелина најчесто носи широка облека во црна боја, но на премиерата на новиот филм „Злобната кралица: Господарка на злото 2“ во Јапонија, направила исклучок.
Актерката блеснала во сребрен фустан на модната куќа „Ралф и Русо“ со реси и бисери, кој е скроен така што на женската фигура да ѝ додаде облини. Фустанот го искомбинирала со сребрени салонки со високи потпетици и ефектни обетки.
Анџелина на премиерата дошла со ќерката Захара и синот Медокс.
FOTO: Instagram/Printskrin