Анџелина Џоли во трка за претседател на САД

758
ФОТО: Инстаграм

Во интервју за ББЦ актерката Анџелина Џоли, која е специјален пратеник на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации и води активни кампањи, најави дека е можно да влезе и во политика.

На прашањето дали еден ден би се кандидирала за претседател на САД , таа одговори:

– Да ме прашавте пред 20 години, ќе се насмеев. Секогаш велам дека ќе одам таму каде што сум потребна, не знам дали сум способна за политика, но тогаш се пошегував и дека не знам дали имам костур во плакарот – додаде Џоли.

Во можност сум да работам со влади, а исто така и со војски, така што сум на многу интересна позиција и можам многу да направам, изјави актерката.

На сугестијата дека би можела да се најде на листата меѓу 30 или 40 кандидати на демократите за претседател на САД, таа не негираше, туку се заблагодари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...