Анџелина против Трамп во трката за претседател на САД

И самата актерка во неколку ситуации наговестувала дека „вратите не се затворени“.

1169

Во последнава година имаше шпекулации дека холивудската ѕвезда Анџелина Џоли (44) би можела да влезе во трката за новиот претседател на САД.

И самата актерка во неколку ситуации наговестувала дека „вратите не се затворени“.

Една од најдобро платените актерки во САД и амбасадорка на ОН неодамна отворила свој канал на Јутјуб, а како што пренесуваат странските медиуми на него нема да има туторијали за шминкање.

Нејзиниот канал се занимава со хуманитарна работа и досега има повеќе од 10.000 следбеници. Порталот „Брејтбарт“ посочува дека со лансирање на каналот Јутјуб актерката, всушност, се подготвувa за претседателската кампања.

Во описот на каналот се наведува дека Анџелина Џоли се занимава со хуманитарна работа, дека ги претставува Обединетите нации и дека се занимава со станбените прашања на луѓето кои сакаат да стекнат свој дом.

Анџелина Џоли (44) има две видеоснимки на својот канал.

Некои се сомневаат дека актерката го покренала овој канал на Јутјуб за да влезе во подготовките за претседателската кампања.

– Искрено да ме прашавте пред 20 години само слатко ќе се насмевнев. Навистина не знам. Секогаш велам дека ќе одам таму каде што сум најмногу потребна. Не знам дали сум компетентна за политика, но кога ќе помислам дека повеќе немам што да кријам тогаш помислувам и дека сум отворена за таква можност. Можам многу од тоа да издржам – изјавила актерката кон крајот на минатата година во интервју за Би-би-си.

Анџелина Џоли не е единствената јавна личност за која се шпекулира дека би можела да влезе во предизборната трка за претседател на САД 2020 година. Исто така, долго се шпекулираше дека противкандидатка на Доналд Трамп би можела да биде и популарната водителка Опра Винфри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...