Анџелина конечно проговори за разводот од Бред: Бев тажна и повредена…

За францускиот магазин „Мадам Фигаро“, Џоли објаснила колку било тешко за неа да помине низ целиот тој процес.

885

Американската актерка и една од најубавите жени во светот, Анџелина Џоли (44) неодамна ги открила деталите за нејзиниот развод од Бред Пит (55). За францускиот магазин „Мадам Фигаро“, Џоли објаснила колку било тешко за неа да помине низ целиот тој процес.

– Разводот беше навистина комплициран. Пред крајот на мојата врска со Бред не можев да се препознаам, како да изгубив дел од себе… станав помала, ирелевантна, иако не го покажував тоа – изјавила актерката, која се разведе од Пит пред три години.

– Бев длабоко, вистински тажна, повредена, но од друга страна, интересно беше да се нурнам во понизноста и чувството на безначајност – објаснила Џоли, додавајќи дека таа лекција ќе ја пренесе и на своите шест деца, синовите на Медокс (18), Пакс (15) и Нокс (11), како и на ќерките Захара (14), Шилох (13) и Вивиен (11).

– Тоа е лекцијата што им ја пренесувам на моите деца, таа енерги на обновување која може да ни донесе и среќа. Морав да ја откријам повторно и тоа со некои здравствени проблеми. Кога сето тоа ќе „легне“, сфаќате колку сте среќни што сте живи – заклучила актерката.

Не е тајна дека Бред Пит откако Џоли побарала развод од него, минал една година во Анонимни алкохоличари.

– Отидов далеку колку што можев, па си ги одземав привилегиите за пиење – објаснил актерот во интервју за „Њујорк тајмс, додавајќи дека неговата зависност од алкохол е една од причините за крахот на бракот со Анџелина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...