Доаѓањето на славната актерка во кампусот на факултетот предизвика голем интерес на студентите, кои од културна дистанца ја снимаа Анџелина Џоли и нејзиниот син Медокс.
Осумнаесетгодишниот Мeдокс Џоли Пит ќе студира на Универзитетот Јонсеи во Јужна Кореја.
Нивното доаѓање на Универзитетот е забележано на снимката која почна да се шири на социјалните мрежи, а Анџелина многу емотивно го доживеа разделувањето.
Анџелина призна дека се воздржува да не заплаче, а со колку емоции го испраќа синот на факултет, се гледа на видеото, објавено од еден од студентите.
Еден студент ја прашал колку време планира да остане во Јужна Кореја.
„Денеска си заминувам. Денеска е денот кога ќе го оставам“, рекла актерката и додала: „Се трудам да не заплачам“.
Во видеото се слуша дека Медокс одбрал да студира биоинженерство и дека ќе живее во студентскиот дом.
Мeдокс е роден во Камбоџа.
View this post on Instagram
FOTO: Instagram/Printskrin