Анѓушев: Швајцарската реномирана компанија „Баумер“ инвестира во Македонија

2043

Нови 10 инвестиции се влезени во земјава за само 10 месеци по новите транспарентни мерки од Планот за економски раст со нула денари за маркетинг. Во изминатите 10 години претходната влада потрошила 225 милиони евра за влез на вкупно 23 компании. Од вкупните трошоци повеќе од половина од средствата, околу 130 милиони евра, беа за реклами, промоции и роуд шоуа, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев во обраќањето на седницата на Собранието на која пратениците изгласаа доверба на Владата за нејзината работа.

– Последната е реномираната швајцарска компанија „Баумер“ која дојде во Македонија за само 3 месеци. Разликата е што ние ги донесовме со нула денари за маркетинг. Ве охрабрувам да го следите процесот, ќе има уште осумнаесет нови инвестиции во следниот период – изјави Анѓушев.

Вицепремиерот посочи дека успех на оваа Влада е тоа што за само три месеци од почеток на преговорите преку транспарентите мерки од Планот за економски раст инвеститорите се одлучуваат да инвестираат во земјава, за разлика од порано, кога им биле потребни три години.

На една од последните седници, Владата ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината, со Нацрт – договор за долготраен закуп за компанијата „Баумер ДООЕЛ Скопје“, чија матична компанија е „Баумер Холдинг АГ“ од Швајцарија.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...