Анѓушев: Поврзaни во регионот поблиску сме до ЕУ

Тоа подразбира активности во надминување на административните бариери кои сега постојат, но и реализација на капитални инфраструктруни проекти за наше меѓусебно поврзување, рече Анѓушев

90

Република Македонија, како мала земја, треба да ја зголемува соработката со земјите од регионот и преку зголемена регионална соработка да се забрзаат европските интеграции, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на настан во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се организира во Софија.

– Зголемувањето на регионалната соработка е нешто кон кое сите Влади во регионот треба да бидат посветени. Тоа подразбира активности во надминување на административните бариери кои сега постојат, но и реализација на капитални инфраструктруни проекти за наше меѓусебно поврзување – рече Анѓушев

Тој посочи дека Владата ќе биде посветена на реализација на проекти со кои ќе се придонесе кон подобра регионална соработка, а особен фокус ќе биде ставен на реализација на патна и железничка инфраструктура на пан европскиот коридор осум.

– Добивме позитивни сигнали од меѓународните финансиски институции за поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти. Владата е посветена на транспарентно и корисно насочување на финансиските средства од меѓународните институции, како и на средствата од даночните обврзници. Тие средства ќе бидат наменети на вистински начин, за изградба на патишта, железница, како и за изградба на гасоводна мрежа и конектирање со Транс Јадранскиот гасовод (TAP) и терминалите за природен гас во соседна Грција, за да обезбедиме конкурентност и во снабдувањето со природен гас. Работиме и на зацврстување на инфраструктурата во електро-енергетскиот пренос и во таа насока се инвестира во изградба на 400 кило волтен далекувод кој ќе ги поврзе Република Македонија и Република Албанија – рече Анѓушев.

Активностите во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, завршуваат денес, а со овој самит се одбележува завршетокот на претседавањето на Република Бугарија со ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...