Владата презема сериозни мерки за подобрување на работењето на „Еурокомпозит“ и исполнување на обврските кон вработените. Проблемите во оваа фабрика не се отсега, тие постојат од пред повеќе години.
Ова го истакна денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев на прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев и министрите од економскиот тим, на која беа презентирани економските перформанси на земјава.
Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека она што било предложено во однос на вработените во потполност е исполнето.
– Сега сме во фаза кога преку реструктуирање во стечај ќе гледаме да обезбедиме стратешки инвеститор. Потребна е правна постапка, за која треба време време, не можеме да ги заобиколиме законите и процедурите. Во меѓувреме обезбедивме услови „Еурокомпозит“ да работи – рече тој.
Фабриката минатата недела испорачала роба во вредност од девет милиони денари кон МВР, која, како што посочи Анѓушев треба да биде примена и преконтролирана. Доколку се биде во ред МВР ќе заджи дел аванс кој и го дала даде, а дел треба да исплати како обврска кон нив за да може да продолжат да работат.
Анѓушев посочи дека електричната енергија во фабриката е исклучена оти не е плаќана од 2011, 2012, 2013.
– Тогаш можеше некој да се јави и да нареди струјата да се вклучи и без плаќање. Ние како Влада сакајќи да поставиме ред во економијата и транспаретни правила на игра нема да се служиме со притисок во тој дел. Ќе ги решаме овие ситуации во рамки на законот и економската моќ – додаде вицепремиерот Анѓушев.