Анѓушев не е оптимист дека ОХИС може да проработи

421

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев не е оптимист дека загубарот ОХИС може повторно да проработи и да се спроведе успешна стечајна постапка како во ФЕНИ индустри.

– Како институции и држава треба да сме горди што успеавме да го спасиме ФЕНИ, но меѓу него и ОХИС има и сличности и разлики. Слично е што припаѓаат на процесната индустрија каде ако запре процесот тешко продолжува. Она што е различно што во ФЕНИ процесот не запре, односно и кога беше распишана стечајната постапката доверителите, пред се банките, го финансираа да го одржи своето производство и понатаму. ОХИС, пак, е многу години затворен и не сум оптимист дека може повторно да проработи со капацитетот и на начинот како што работел во времето на поранешна Југославија – рече Анѓушев во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...