Беше млада мајка, а сега стана и млада баба

Пејачката , водителка и писателка Сузана Турунџиева денеска го доби своето прво внуче од нејзината 19-годишна ќерка Лора. Иако беше затекната од минатогодишната одлука на Лора да заплови во брачните води, денеска е таа среќна баба и горда мајка.

3670

Во август минатата година, во екот на подготвувањето на свадбата на својата ќерка, Сузана Турунџиева издвои време за да ни одговори на нашите прашања и тогаш ни кажа: Љубовта некому доаѓа прерано, некому предоцна, или можеби никогаш.

Јас бев многу затекната, неспремна и збунета од нивната одлука. Се борев со себе неколку ноќи, но после некое време добив спознание дека навистина животот сепак можеби чува и нешто добро за нас“.

После многуте трагедии кои ѝ се случија во животот, се чини дека на познатата битолчанка, пејачка, водителка и писателка, Сузана Турунџиева, почнаа да ѝ се случуваат многу убави работи, па после свадбата на Лора, денеска таа стана и баба на своето прво внуче.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...