Анѓушев: Невладините да ја подлабочат постапката за случувањата во „Фени“

Ги охрабрувам граѓанските организации слободно да ја испитаат фактичката состојба во водењето на постапката, но и да ги продлабочат истражувањата за да видат која беше причината и кој ја донесе компанијата во незавидна состојба, рече Анѓушев.

298

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги повика сите невладини и посебно  Транспаренси Интернешенал, која вчера почна постапка за, како што наведоа, незаконскиот стечај во „Фени“ да ја водат постапката подлабински и да ги најдат вистинските причини поради кои компанијата беше доведена до стечај.

– Ги охрабрувам граѓанските организации слободно да ја испитаат фактичката состојба во водењето на постапката, но и да ги продлабочат истражувањата за да видат која беше причината и кој ја донесе компанијата во незавидна состојба и во стечај – рече Анѓушев.

Анѓушев потсети дека ова е прв случај  компанија од стечај успешно продолжила да работи.

– Факт е дека денеска „Фени“ работи и 800 вработени земаат плата- рече тој.

Него, како што рече, сепак го загрижува фактот што истрагата на невладините е поттикната од поранешниот сопственик на „Фени“ компанијата „Кунико“ која беше главниот проичинител за лошото работење на компанијата и ја доведе до стечај.

-Малку сум загрижен што обвинувањата кои стигнале до Транспаренси Интернешенал доаѓаат од Кунико, тие кои што го створиле проблемот, но посакувам да се оди длабоко во испитувањата – додаде Анѓушев.

Вчера претседателката на Транспаренси Интернешенал – Македонија Слаѓана Тасева на прес-конфереција информира дека Организацијата, откако добила веродостојни информации за постоење на неправилности во стечајната постапка на Фени индустри АД Кавадарци, одлучила да поднесе кривична пријава против стечајниот управник Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска за дело злоупотреба на службената положба и овластување. Посочи дека очекува вицепремиерот Анѓушев да се изјасни за наводите во пријавата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...