Анѓушев: Моментално се дискутира персоналецот, не другите даноци

Тој потенцира дека зголемувањето на персоналниот данок за одредена категорија граѓани претставува социјална правда и порамномерен товар на даночната политика.

160

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска оцени дека моментално се води само дискусија за промени во персоналното оданочување, додека останатите даноци остануваат исти.

– Данокот на добивка, данокот на имот и сите останати даноци остануваат исти и не се под прашање. Предмет на дискусија во Владата е само прагот на платата над која ќе се зголеми персоналниот данок. Таа дискусија ќе ја прошириме со целокупната зантересирана јавност и сите чинители на економското живеење во земјава – рече Анѓушев.

Тој потенцира дека зголемувањето на персоналниот данок за одредена категорија граѓани претставува социјална правда и порамномерен товар на даночната политика.

според него, даночната политика цо земјава е усогласена со политиката на Европската унија.

– Секоја држава носи сопствена даночна политика така како што цени дека ќе биде атрактивна за економијата -рече Анѓушев.

Тој смета дека покрај ставањето под контрола на сивата економија каде што даночната полкитика е неуспешна има и простор за поголема фискална дисциплина,посебно кај трансферните цени на компаниите кои имаат свои компании ќерки во другите држави.

– Спорен е начинот на префактурирање, односно на наплаќање или ценовната политика на компаниите кога си продаваат компанија мајка на ќерка од една во друга држава. Тоа е причината за многу пропаднати фабрики во земјава како и една од најголемите причини поради кои Фени дојде во ситуацијата во која дојде – рече Анѓушев.

Тој истакна дека во иднина  треба да се зголеми имплементацијата на легислативата за трансферни цени.

Нагласи дека во овој дел има можност за големо подобрување за да се заштитат даночните приходи во Македонија и полнењето на Буџетот.

– Покрај тоа, продажбата во земјоделството се одвива директно од нива на кванташки пазар и се завршува надвор од финансиските текови. Мора да работиме и на тоа, но периодот од 10 месеци е прекраток да се анулираат сите работи. Сепак добро е што се нотирани, заклучи Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...