Битолчанката Анета Петковска блесна со „Орбит“ и доби „пежо“

Компанијата „Марс“ планира во иднина да продолжи со организирање наградни игри и ја најави следната која ќе се реализира во текот на мај годинава.

763

Најсреќниот добитник во наградната игра „Орбит – Момент да блеснеш“, добитникот на главната награда „Peugeot 208“ е Анета Петковска од Битола.

На 20 април пред главниот влез од центарот „Vero Jumbo“, клучевите од главната награда ѝ ги додели Маријана Петрушевска Иваноска, претставник од компанијата „Марс“.

– Ѝ честитам на среќната добитничка на главната награда, како и на сите останати наградени кои во изминативе 5 седмици играа со нас. „Марс“ продолжува со исто темпо и во иднина ќе има уште многу причини за блескави насмевки на лицата на нашите потрошувачи – изјави Маријана Петрушевска Иваноска.

Во текот на наградната игра, која започна од 01 март и траеше до 05 април се доделија супер награди. Во тој период покрај главната награда, беа доделени и пет Peugeot Kisbee скутери, како и 36 Samsung S36 hoverboard.

Компанијата „Марс“ планира во иднина да продолжи со организирање наградни игри и ја најави следната која ќе се реализира во текот на мај годинава. Оттаму ветуваат дека во периодот што следува ќе има многу изненадувања од „Марс“.

„Марс“ претставува една од најголемите светски компании со повеќе од сто години традиција и најпознати брендови во светот, наменети за широка потрошувачка. Компанијата остварува нето приходи од продажба од речиси 35 милијарди долари со претставништва во 80 земји ширум светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...