Анѓушев и министрите на литургија во чест на Божик ФОТО

603

Владина делегација предводена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерката за правда, Рената Дескоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски, присуствуваше на централната свечена божествена литургија во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, по повод празникот Христово раѓање – Божик.

Утрово и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со директорот на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарио Сотировски, присуствуваше на Божикна литургија во соборниот храм „Св. Богородица” во Гостивар, додека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски присуствуваше на литургија во црквата „Свети Димитрија” во Крива Паланка, по повод празникот Христово раѓање – Божик.

„Со присуството на своја делегација и претставници на овој свечен празничен чин, Владата на Република Македонија се придружува на прославувањето на Христовото раѓање заедно со сите православни христијани и упатува честитки по повод празникот Божик, соопшти владината прес служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...