Анѓушев: Законот за енергетика е во интерес на граѓаните

400

Предлог – законот за енергетика е усогласен со Секратаријатот на Енергетската заедница и е дебатиран со сите чинители во енергетското живеење. Со овој Закон позитивно се влијае на економијата, заштитата на животната средина и други аспекти од општественото живеење, а воедно се овозможува и поттикнува зголемувањето на производство на енергија од обновливи извори, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев пред пратениците.

Тој потенцираше дека станува збор за реформски закон со кој македонското законодавство се усогласува со европските регулативи и директиви. Донесувањето на овој закон ќе овозможи стопирање на споровите коишто Енергетската заедница ги покрена кон Македонија, ќе се поттикнат реформите во енергетскиот сектор, а македонските граѓани добиваат право на избор на снабдувач со енергенски.

Анѓушев истакна дека компаниите веќе ги почуствувале бенефитите од либерализација на енергетскиот пазар и од можноста самостојно да изберат снабдувач со енергенси. Со новиот закон, можност за избор добиваат и македонските граѓани. За да не се наруши енергетскиот пазар, а истовремено цената на електричната енергија да не поскапи, во законот е превидено да се избере универзален снабдувач, во транспарентна и јавна постапка, кој би ги снабдувал граѓаните кои нема да изберат снабдувач по свој избор.

– Изборот на универзален снабдувач е механизам со кој ќе се заштити цената на електричната енергија за граѓаните. Во согласност со преодните и завршни одредби на Законот, ЕЛЕМ е должен да му понуди на универзалниот снабдувач и тоа почнувајќи од јануари 2019 година, најмалку 80 отсто од потребите на снабдувачот, со фазно намалување до 2025 година кога тој процент ќе изнесува најмалку 30 отсто. Со оваа одредба се овозможува и да не се влијае на цената на електричната енергија на крајните потрошувачи, на граѓаните. Со домаќинско работење ќе обезбедиме цената на електричната енергија за граѓаните да не се зголемува – нагласи Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...