Анѓушев: Дуалното образование во стручното средно образование ќе креира обучени кадри

134

Владата на Македонија спроведува реформи во сите сфери вклучително и во унапредување на образовниот процес. Тоа е наша обврска, не само за исполнување на критериумите во ЕУ и НАТО, туку и должност кон нашите граѓани за подобар живот на сите. Модел на дуално образование, кој во моментот се спроведува како пилот проект, тежнееме да го имплементираме во стручното средно образование, за да креираме добро обучени и професионални кадри за потребите на индустријата, но и да обезбедиме квалитетни, добро платени работни места за младите луѓе, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев на средбата со Мартина Хирајама, државен секретар за образование, истражување и иновации, при работната посета на Универзитетот за применети науки во Берн.

Министерот за образование и наука Арбр Адеми нагласи дека образованието е клучна карика во развојот на личноста и дека Владата вложува многу труд и посветено работи на унапредување на образованието во сите степени.

– Инвестираме многу време, средства и напори за унапредување на сите сфери во образованиот процес и на тој начин вложуваме во нашата иднина. Целта ни е да направиме квалитетно образование почнувајќи од основното па до високото образование, учениците да стекнуваат вистински вредности, но и знаења и вештини кои ќе им користат подоцна во животот. Образовниот процес особено во средното образование мора да претпри измени, пред се со зголемување на практичната работа за време на школувањето – рече Адеми.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се заблагодари за драгоцената размена на искуства во развојот на социјалните услуги како поддршка на имплементација на социјалната реформа.

– Токму со реформата работиме на намалување на детската сиромаштијата и со детскиот и образовниот додаток им овозможуваме на децата да имаат еднаков старт во животот. Нашата цел е што повеќе деца да се вклучат во предучилишно образование, затоа што раниот детски развој е основата за понатамошниот образовен процес. Силно вложуваме во градинките и ги јакнеме нивните капацитети, а со тоа вложуваме и во иднината на државата –  нагласи Царовска.

Државниот секретар за образование и иновации, Мартина Хирајама ја нагласи волјата на Владата на Швајцарија за поддршка на реформите кои се спроведуваат во Република Северна Македонија, при што нагласи дека двете земји имаат одлична соработка и истата ќе продолжи да се развива во позитивна насока.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...