„Фени“ работи. Ако не сте знаеле, а еве и јавно сега сакам да ве информирам дека „Фени“ работи со полна пареа од 1 март, му реплицираше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
– Сите вработени одат на работа и земаат плата. Прашање е, како во март 2016 година е отпишан долг од 51 милион евра и притоа Управата за јавни приходи не успеала ова да го провери и да не реагира, како фирмата не доставила две години по ред завршна сметка? Јас ве охрабрувам да одиме во Кавадарци, да видите како првпат во историјата на Македонија во стечајна постапка се исплатени 100% од доверителите – му одговори вицепремиерот Анѓушев на Ѓорчев на неговиот коментар дека „Фени“ никогаш не проработе.