Иако важеше за огромен фаворит, екипата на Наполи ги разочара своите навивачи со ремито против последно пласираниот тим во Серија А, Киево.
Сепак, тренерот Карло Анчелоти и во овој разочарувачки резултат гледа корисни работи.
-Овој натпревар може да ни послужи како добар тест пред средбата од Лигата на шампионите со Црвена ѕвезда. Мислам дека и белграѓани ќе играат слично како Киево. Можевме да видиме со што би можеле да се соочиме на средбата в среда. Против Киево не игравме со доволно висок интензитет и тука беше нашиот проблем- изјави Анчелоти.
Тој побара од неговите избраници да го сменат пристапот на ваквите натпревари кога противникот цела игра ја базира на одбрана.
По ремито со Киево, Наполи заостанува осум бода зад лидерот во италијанското првенство, тимот на Јувентус.