Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој пред две години го доби четвртото дете, оваа пролет, здравје Боже, ќе стане татко на уште едно.
Милошоски и неговата сопруга Симона ќе станат побогати за уште едно детенце, потврдил пратеникот за Фактор.
Милошоски веста веќе ја споделил со своите блиски пријатели и колеги а покрај трите ќерки и единствениот син, очекуваат машко бебе.
Пратеникот не ја крие возбудата, а од бракот со Симона досега ги имаат ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12).