Кошаркарот на Црвена Ѕвезда, Перо Антиќ поради приговор кон судиите и исклучувањето, кое го доби на вчерашниот меч против ФМП, ќе мора да плати казна од 78.000 динари (околу 660 евра), пренесоа српските медиуми.
„Црвено-белите“ поведоа во финалната серија на српскиот шампионат против ФМП, откако синоќа победија со 84:83.
Антиќ доби две технички грешки и исклучување поради бурната реакција кон судиите на 8 минути пред крајот по прекршок врз центарот на противникот, Мајкл Оџо.