Античкиот град Лијанг ги фасцинира посетителите со својата архитектура

Античкиот град најмногу е посетуван од паровите кои се подготвуваат за брак. Тие од целата земја доаѓаат во градот за да се фотографираат.

192
ФОТО: МИА

Античкиот град, кој со векови е политички, трговски и културен центар на регионот, во последните години стана едно од најважните места за туризмот во Кина.

Осумстотинигодишниот антички град Лијанг, кој се наоѓа на периферијата на Хималаите во југозападна Кина ги фасцинира своите посетители со својата архитектура, природна убавина и романтична атмосфера, пишува Anadolu Agency (AA).

Градот Лијанг, кој се наоѓа на границата со тибетскиот автономен регион на провинцијата Јунан, датира од 13 век. Античкиот град, кој со векови е политички, трговски и културен центар на регионот, во последните години стана едно од најважните места за туризмот во земјата.

Архитектурата на античкиот град Лијанг комбинира мотиви од разни култури. Куќите во градот се изградени од дрво, а покривот на куќите е покриен со плочки. Сето тоа го отсликува мајсторството на заедницата Накхи, од која се локалните жители на областа.

Тесните улици на овој град се украсени со разнобојни камења. Поголеми или помали реки поминуваат скоро секаде во градот. Снегот што се топи на врвот на планините му дава живот на регионот. Античкиот град се наоѓа на надморска висина од 2.500 метри. Низ текот на целата година температурите се движат од 20 до 25 Целзиусови степени.

Античкиот град Лијанг е декориран со камени мостови, додека двокатните куќи изградени во склад со географските карактеристики на градот нудат визуелна гозба за посетителите.

Античкиот град најмногу е посетуван од паровите кои се подготвуваат за брак. Тие од целата земја доаѓаат во градот за да се фотографираат. Во градот, исто така, има голем број продавници, каде што се изложени рачно изработени производи на локалните жители Накхи, кои се вешти во изработката на производи од сребро.

 Во градот секоја година доаѓаат приближно 12 милиони посетители

Во античкиот град, покрај Накхите живеат и други етнички малцинства, како што се племето Мосуо и заедниците Ји, Пуми и Лису.

Музичката изведба „Лијанг импресија“ координирана од страна на познатиот кинески филмски режисер Канг Јимоу, привлекува големо внимание кај туристите што го посетуваат регионот.

Освен со архитектонската структура, античкиот град привлекува внимание со своите уникатни природни убавини. Долината „Сината месечина“ и кањонот „Тигар“ исто така се наоѓаат меѓу природните атракции во регионот.

Во градот живеат само 140.000 жители, а секоја година го посетуваат приближно 12 милиони туристи. Од туризмот годишно има приходи од 4 милијарди американски долари.

Во 2008 година, античкиот град Лијанг е ставен на листата за светско наследство на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на ОН (УНЕСКО).

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...