Антисемитизмот на новинарското перо на СДСМ мора да се казни!

1092

Новинарското перо на СДСМ и на Зоран Заев по не знам кој пат шири говор на омраза од највисок степен, потсмевајќи се со наша пријателска нација. Антисемитизмот и говорот на омраза кон министерката Рашела Мизрахи не прекинуваат од страна на СДСМ.

Јавно ги повикувам да го осудат, да се оградат и да му поднесат претставки и кривична пријава за говор на омраза по член 319 од КЗ на РМ (од 1 до 5 години казна затвор) на оваа „наказа“ од новинар следниве институции:

  • Комисија за дискриминација
  • ЗНМ
  • ССНМ
  • ЈОРМ

Доколку не го сторат тоа, ќе бидат соучесници!

Јавно осудувам поигрување со несреќните судбини на над 6 милиони Евреи кои завршиле под гилотината на нацистите, од кои над 7.400 македонски Евреи, меѓу кои и предци на семејството Мизрахи.

Ова е правото лице на СДСМ и на Зоран Заев, за кого холокаустот е само традиција.

Ова мора да се осуди и да се казни веднаш!!!

Лично изразувам поддршка за семејството Мизрахи и за целата еврејска заедница која е цел на напад од една несреќна „наказа“, инструирана и плаќана од СДСМ и од Заев.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...