Антикорупциска ќе се бира по новиот закон, на стариот оглас се пријавиле 39 кандидати

119

Собраниската комисија за прашања на избори и именувањата на денешната седница донесе одлука за поништување на огласот за именување членови на Државната комисија за спречување на корупцијата објавен на 18 октомври 2018 година согласно стариот закон.

Како што истакна претедателот на собраниската Комисија пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, изборот на составот на Антикорупциска ќе се изврши по новиот Закон кој беше донесен вчера на собраниска седница.

Се очекува Законот откако ќе добие потпис на претседателот на државата да биде објавен во „Служен весник“, по што претседателот на Собранието Талат Џафери ќе може да го објави новиот оглас за избор на членови на Антикорупциска, а паралелно треба според член 12 од новиот Закон да се утврдат и роковите и критериумите за спроведување на процедура.

-Новата процедура за избор на членови ќе биде покомплицирана, затоа што ќе треба да имаме јасно пропишани ктиртериуми од страна на претседателот на Собранието и јасно пропишани рокови кои заради одржување на претседателските избори ќе бидат прилично стеснети. Ќе треба оваа наша Комисија за избори и именувања да состави комисија за селекција која ќе биде составена од седум члена – двајца од власта, двајца од опозицијата, двајца претствнници од телата за соработка помеѓу Владата со здруженија и со фондациите и со граѓанскиот сектор и еден по предлог на Народниот правобранител – рече Димовски.

Тој појасни дека таа постапка ќе биде комплицирана бидејќи првпат се предвидуваат јавни интервјуа со претставници од МАНУ, од Интерпарламнетарна унија, здруженија на граѓани кои ќе се пријават да бидат дел од процесот на јавни интервјуа со интервјуирање на пријавени кандидати на огласот.

Инаку на поништениот оглас биле пријавени 39 кандидати за членови во Антикорупциска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...