Антикорупциска утре ќе отвори два случаи за Заев

На утрешната седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот „Глобал“, „Едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно, рече претседателката на Антикорупциската комисија за телевизија Телма.

2230
ФОТО: МИА

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во вечерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма најави дека утре ќе бидат отворени неколку нови случаи.

– На утрешната седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот „Глобал“, „Едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно. Исто така утре ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста – рече Ивановска.

Таа рече дека главна цел на новиот состав на Антикорупциската комисија е детектирање на слабостите на системот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...