Антикорупциска: Спасовски нема судир на интереси или финансиска поврзаност со бензинската за која пишуваа медиумите

240

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен премиер, Оливер Спасовски нема судир на интереси ниту пак финансиска поврзаност со отворање на бензинска пумпа и станица за технички преглед. Ова денеска едногласно го изгласаа членовите на Државната комисија за спречување на корупција на совојата 26 седница постапувајќи по негово лично барање, а иницирано од пишувањето во одредени медиуми.

– Утврдивме дека поранешниот министер нема никаква поврзаност со сопственичката структура на бензинската, што на негово барање се постапува и во однос на неговата имотна состојба. Што се однесува на судирот на интереси помеѓу советникот на министерот и еден од сопствениците на бензинската пумпа констатиравме дека целата постапка е спроведена според законот за возила и испочитувани се сите процедури во МВР, а наводите не се потврдени – истакна Владимир Георгиев член на Комисијата.

Комисијата постапувала по предметот кој се однесува на изборот на внуката на поранешниот претседател на Советот на Јавни обвинители Коле Штерјов, Марија Георгијава каде утврдиле дека Штерјов гласал воздржано на седницата што овозможил да биде избрана обвинителката. Оправдувањето од Советот било дека доколку се изземал Штерјов немало да има кворум и немало да биде избрана Георгиева. ДКСК побарале да Советот на ЈО да поведе постапка за утврдување на одговорност при што добиле одговор дека нема никаква одговорност.

Комисијата на седницата ја избра Катица Николовска за заменик претседател на ДКСК, ја усвоија Програма за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2020 година како и годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 годинач Членовите на Комисијата го изгласаа и Етички кодекс на Државната комисија за спречување на корупцијата.

На почетокот на седницата, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска во нејзино и во име на ДКСК изрази жалење што Парламентот не смогнал сили да ја разгледа и усвои Нациналната стратегија за спречување корупција и судир на интереси.

– Во подготовката на овој документ се вложи голем напор од страна на сите учесници од институции, медиуми, меѓународната заедница, со цел овој документ да биде издржлив. Жал ми е што пратениците не успејаа да го почуствуваат значењето на моментот на донесување на оваа стратегија. Ќе помине доста време додека дојде следната шансда но тоа ќе биде изгубено време – истакна Ивановска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...