Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за две вработувања во Агенцијата за аудио и аудиовизулени и медиумски услуги (АВМУ) кои се случиле за време на изборен процес. На денешната седница антикорупционерите решија да спроведат истрага и за сомнежите во јавноста за случајот „Матка“, а ќе проверуваат дали има злоупотреба и незаконско постапување во општината Сарај.
Како што рече претседателката Билјана Ивановска станува збор за вработување на двајца правници за кои антикорупционерите ќе побараат документација од АВМУ за случајот, како и од општината Сарај за дивоградбите на „Матка“.
– За „Матка“ институциите се прогласија за ненадлежни. Тоа ни го запали црвеното светло. Има елементи за наше постапување. – рече Ивановска.
Информацијата до Антикорупциската за вработувањата во АВМУ е по допрен глас, па ќе треба дополнително да се проверат наводите.