Државната комисија за спречување на корупција ја прекина постапката против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која беше отворена по допрен глас, а се однесуваше на добивањето концесии за изградба на хидроцентрали. Комисијата едногласно ја донесе одлуката дека нема одговорност односно судир на интереси.
Постапката се одолговлекуваше седум месеци, Мицкоски бил и на интервју кај антикорупционерите кои проверуваа дали тој како советник на Никола Груевски и дел од управниот одбор на ЕЛЕМ имал акти да влијае на донесувањето на одлуки.
Антикорупциска утврди дека нема одговорност кај лидерот на опозицијата, затоа што во 2014 година кога била донесена одлука за распишување на тендерот за мали хидроцентрали кај Пехчево и Берово, Мицкоски не бил ниту советник ниту во одборот во ЕЛЕМ.
Советник на Груевски тој станал дури во април 2015, додека во одборот влегол август истата година, а тогаш одлуките за тендерот веќе биле донесени.