Антикорупциска ги стави под лупа тендерот на Рашковски, пицеријата на Усеини и платформата на Матка

360

Антикорупциската комисија на денешната седница отвори предмет за тендерот за инсталација на АТМ систем за управување со воздушен сообраќај и улогата во него на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Антикорупционерите денеска одлучија да ја испитаат и дивоградбата во Охрид за дел од пицеријата на советникот од ДУИ во општинскиот совет, Нефи Усеини.

И дивата платформа на Матка се најдоа пред Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, па така, денеска падна одлука да се почне постапка за кривично гонење на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, кој, според антикорупционерите, наместо да го одбие барањето, тој не преземал ништо односно ги чувал во фиока.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...