Антикорупциска ги одби приговорите од ВМРО-ДПМНЕ

327

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница ги одби петте приговори поднесени од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, како партија, учесник/организатор на изборна кампања.

Првиот приговор  е против  Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против градоначалник на општина Шуто Оризари. Четврдиот приговор поднесен до ДКСК е против градоначалник на општина Кисела Вода, а петтиот против градоначалник на Град Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...