Антикорупциска бара одговорност за судијата Алили кој си го вработил синот

408

Антикорупциската комисија едногласно утврди судир на интереси и покренување на иницијатива за одговорност кај претседателот на Основен суд во Кичево кој го вработил својот постар син во судот.Постапката е по пријава на физичко лице, кое тврди и дека судијата енормно се збогатил.

Станува збор за Шабан Алили, син на претседателот на Основниот суд во Кичево, судијата Баки Алили, кој е вработен во институцијата на чие чело е неговиот татко. За ова веќе пишуваше Плусинфо. Во судската администрација тој завршил како еден од околу 950-те рамковно вработени лица кои лани од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор беа распоредени низ повеќе јавни институции каде требаше конечно да почнат да работат нешто.

Во однос на богатството Комисијата отворила предмет во одделението за имотна состојба која е во тек, а во однос на судирот на интереси ДКСК утврдиле дека синот на претседателот на судот претходно бил вработен во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и со превземање заедно со други лица без јавен оглас е префрлен во судот. Спогодбата за превземањето на синот ја потпишал таткото, односно пртеседателот на Судот. Бидејќи претседателот на судот не постапил согласно законот Комијата побара да се покрене одлука за покренување иницијатива за утврдување одговорност на претседателот на Основниот суд во Кичево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...