Антикорупциската отвори истраги за Иванов и за трошењето народни пари во Собранието

524

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја испитува постапката за избор на канцеларии на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, беше речено на денешната седница.

Антикорупционерите ќе исражуваат и како државните функционери ги трошат буџетските пари, кои лица користат службени возила, надоместоци за превоз, стан, одвоен живот.

Истрагата ќе се однесува на пратениците, но анкетни листови и формулари ќе бидат испратени до сите државни институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...