Антикорупционерите заработиле 220.000 денари од глоби, Иванов уште не им платил

803
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска се пофали дека врз основа на покренатите 29 прекршочни постапки платените платени налози се во висина од околу 220 илјади денари средства кои одат директно во државната каса.

Досега до ДКСК, како што беше речено, нема пристигнато никакво известување за платен налог од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов за прекршочна поднесена претходно.

Прекршочната глоба зависно за кој прекршок се работи, главно се движи од 300 до 500.

Позитивен момент од ова постапување, заклучија, е тоа што тие веднаш како ќе го добијат налогот го доставуваат и анкетниот лист.

ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...