Анонимни пријави за бомби во десет клиники во Москва

32

Службите за итни случаи проверуваат околу 10 московски клиники кои денеска добиле анонимни пријави со закана со бомби, јави агенцијата ТАСС.

Во претходните извештаи се наведува дека специјалисти за вонредни ситуации и
специјалисти со кучиња извршиле увид во градската клиничка болница и детската градска болница „Морозов“.

„Извештаите за закани со бомби сè уште пристигнуваат на градските клиники. Во моментот на мета се десетина. Службите за вонредни ситуации и специјалисти со кучиња се на местото на настанот“, вели неименуван извор.

Од почетокот на ноември минатата година, судови, училишта, шопинг центри и други згради во Москва и Санкт Петербург и други региони добиваа голем број анонимни пријави за поставени бомби.

Службите за вонредни ситуации ги проверија сите наводи, кои се покажаа како лажни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...