Анкета: 56,9 отсто од граѓаните се против амнестија за крвавиот четврток

331
20151019 Monday 1347 luge gragani gragjani ulici tolpa skopjani anketi anketa

Мнозинството граѓани не сакаат амнестија за упадот во Собранието од 27 април, покажа најновата анкета на ТВ Телма и МЦМС што ја направи агенцијата М-проспект.

На прашањето „Дали сметате дека е потребна амнестија за политичко помирување во земјава“, 56,9 отсто од анкетираните рекле дека не е потребна амнестија, туку спроведување на правдата.

Вкупно 24,8 отсто од граѓаните сметаат дека амнестијата ќе донесе политичко помирување. Останатите одговориле со „не знам“ или одбиле да дадат одговор.

Граѓаните не сакаат ниту избори. Мнозинството од речиси 59 отсто сметаат дека вонредните избори не се решение за политичките случувања во земјата,  додека 33,5 отсто сметаат дека се.

Анкетата е спроведена телефонски, од 7 до 15 ноември, на 1.014 испитаници, а покрај ставот за овие прашања, го измери и рејтингот на партиите и  на политичарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...