Анкета: Рејтингот на Заев му бега на Мицкоски за 14 отсто

2039

Зоран Заев е во убедливо водство со 21,4 отсто рејтинг, но рејтингот му е во благ пад. Христијан Мицковски е зад него со 14 процентни поени, со раст во личниот рејтинг (7,4 ) и прв пат над Иванов чиј рејтинг е во пад и застанува на само 6 отсто. Следува Ахмети со 5,7, Села 3,8 %, и азилантот Груевски во слободен пад со 2,7 %, рејтинг во рамките на статистичките грешки, покажува анкетата на Телма и МЦМС.

Големата поддршка на Заев доаѓа и од популарноста кај Албанците – со 17,6 отсто поддршка тој е втор лидер по популарност кај етничките Албанци: прв е Ахмети со 23 % , а трет Села со 16 %. Но, најзначајната бројка се оние 39,9 % кои немаат доверба во ниту еден политичар.

Што се однесува до рејтингот на партиите, ставот на граѓаните можеме да го сублимираме во фактот дека СДСМ расте, додека ВМРО паѓа. 26,8 отсто за СДСМ; 21,5 за ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ е стабилна so 6,7 %, потоа е  Алијансата со 3 %, БЕСА сo 2,4 додека нема да гласаат 21,3 %

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...