Анкета: Раст на поддршката за ЕУ и НАТО, половина граѓани веруваат договорот не можел да биде подобар

1297

Како што наближува денот на референдумот, поддршката за членството на Македонија во ЕУ и НАТО е во постојан раст – ова го покажуваат податоците на новата анкета на агенцијата Рејтинг, спроведена по барање на 1ТВ. Дури над 76 отсто од испитаниците рекле дека ги поддржуваат евроатлантските интеграции, што претставува највисока поддршка за последната половина година, кога беше потпишан преспанскиот Договор, кога околу 66 отсто од граѓаните ги поддржале ЕУ интеграциите.

Што се однесува до конечната спогодба со Грција, речиси половината од прашаните граѓани, дури 48.6 проценти одговориле дека не можело да се постигне подобар договор во иднина, додека пак 33.2 отсто веруваат дека во иднина може да се постигне подобро решение.

Повеќе за анкетата прочитајте ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...