Анкета на МЦМС и Телма: Заев со најголем рејтинг за претседател на државата

941

Резултатите од најновата анкета на МЦМС и Телма покажуваат дека најголем дел 12,4 отсто од анкетираните на претседателската функција го гледаат премиерот Зоран Заев.

Потоа со по 8,2% следуваат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Четври на листата со 6,8%, е Стево Пендаровски, само три проценти поени на петтото место има Бујар Османи, додека Имер Селмани, кој веќе еднаш се проба во претседателска трка има поддршка од 5,8%.

Потоа следуваат – Теута Арифи – 3,4 %, Тања Каракамишева – 2,7% , Гордана Силјановска и Трајко Славески со по 2,4 отсто.

Толку има и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска – 2,4%. Оливер Спасовски и Мирјана Лазарова Трајковска добија доверба од 1,4% од анкетираните.

Но речиси 19% – идниот претседател не го гледаат во ниту еден кандидат и дополнителни 14,9% – се уште не одлучиле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...